Насловна / Вести / Кина ќе гради железница од Пекинг до Москва

Кина ќе гради железница од Пекинг до Москва

Rusija brza zeleznica

Кина ќе изгради супербрза железница која ќе го поврзува Пекинг со Москва, и која ќе чини 1,5 трилион јуани (242 милијарди долари). Ова го пренесува Bloomberg, повикувајќи се на изјава на властите на социјалната мрежа Weibo.Се претпос тавува дека вкупната должина на железницата ќе изнесува седум илјади километри. Таа ќе минува низ Казахстан, а ќе се патува два дена.

Rusija kina brza zeleznica
Агенцијата го истакнува фактот што Кина промовира на меѓународниот пазар свои супербрзи технологии на полето на изградба на железници, користејќи го влошувањето на односите меѓу Русија, Европа и САД и обидите на руската економија да се справи со паѓањето на цените на нафтата.

Во октомври 2014 година Министерството за транспорт на Русија, РЖД, државниот комитет на Кина за развој и реформа, како и корпорацијата „Кинески железници“ (China Railway Construction Corporation) потпишаа меморандум за меѓусебно разбирање на полето на железничкиот сообраќај. РЖД изјави дека целта на документот е разработка на проектот за Евроазиски супербрз транспортен коридор Москва — Пекинг, кој ќе ја вклучува и магистралата Москва – Казањ.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top