Кинеската компанија Ganfeng Lithium, објавила дека со водечкиот турски производител на класични батерии Yigit Aku, потпишала договор за инвестирање на 500 милиони американски долари во заеднички погон за производство на литиумски батерии за електрични автомобили. Според соопштението од кинеската берза, компаниите сакаат да изградат фабрика за батерии во Турција, меѓу кои ќе има и батерии за поморска и авијациска употреба.
Компанијата Yigit Aku, првенствено произведува оловни батерии, но на своите интернет страници исто така рекламира и свои литиумски батерии за употреба во помали индустриски возила. Турската компанија е формирана во 1976 година и нејзината производна мрежа опфаќа четири фабрички локации, а нејзините акции се на берзата во Истанбул. Ganfeng е еден од најголемите кинески производители на различни производи од литиум.