Насловна / Вести / Кина ќе го гради најдолгиот подводен тунел во светот

Кина ќе го гради најдолгиот подводен тунел во светот

graphic-on-china-s-plans-data
Кинеските инженери подготвуваат проект за изградба на најдолгиот подземен тунел во светот, пренесe Channel NewsAsia, повикувајќи се на AFP. Проектот до април ќе ѝ биде претставен на владата на одобрување. Ако се одобри, неговата изградба ќе почне во 2015 или 2016 година. Тунелот ќе биде долг 123 километри, што е два пати подолго од актуелниот најдолг тунел во светот, оној што ги поврзува островите Хокаидо и Хоншу.

Тунелот-рекордер ќе биде завршен до 2026 година. Тој ќе тргнува од пристанишниот град Далиан, во североисточната провинција Лаонин, до градот Јантај, во источната провинција Шандун. Патувањето преку тунелот ќе трае 40 минути. Сега меѓу двата града се плови осум часа со ферибот.

Кина ги соопшти своите планови за изградба на овој тунел уште во 1994 година, со тогашна проектирана цена од 10 милијарди долари. Имаше намера да го заврши до 2010 година. Но, 20 години проектот остана во фазата на планирање. Сега неговата цена веќе скокна на 220 милијарди јуани (36,3 милијарди долари). Истражувањето дали проектот ќе може да се реализира ќе одземе уште две-три години.

Најдолгиот тунел во светот, јапонскиот, е со должина од едвај 54 километри. Тунелот Сеикан влезе во експлоатација во 1988 година, по над две децении градежни активности. Тунелот под Ла Манш е долг околу 51 километар.

Испрати коментар

Scroll To Top