Насловна / Вести / Кина ја реализира најголемата пловечка соларна фарма во светот

Кина ја реализира најголемата пловечка соларна фарма во светот

Според податоците на Светската здравствена организација, Кина е една од најзагадените земји во светот.

Но во последно време, Кина се насочува кон тоа да стане лидер во производство на електрична енергија од обновливи извори.

Кинеската Влада тврди дека ја завршиле конструкцијата на најголемата пловечка соларна фарма во светот, и од денеска таа произведува струја.sungrow-power

Sungrow Power Supply изградиле 40 мегаватна соларна фарма, која плови во  потопената јама на поранешен рудник за јаглен во источната провинција Анхиу.

Локалните власти изјавиле дека оваа фарма целосно го користи просторот на стариот рудник, бидејќи не е потребно специјално изградено земјиште за истата и исто така со тоа што е во вода зголемен и е капацитетот за производство на струја.

Кинеската влада е посветена на тоа да го зголеми производството на струја, која е добиена од обновливи извори и тоа за 20 % и со тоа да стане „еколошка суперсила“.

Испрати коментар

Scroll To Top