Насловна / Вести / Кина ја најави изградбата на најголемата хидроцентрала на светот

Кина ја најави изградбата на најголемата хидроцентрала на светот

Кинеските власти најавија дека на најдолгата тибетска река ќе ја изградат најголемата брана и најголемата хидроцентрала на светот. Станува збор за проектот за изградба на брана и хидроцентрала на реката  Yarlung Tsangpo во Автономната област Тибет. Оваа нова хидроцентрала ќе има повеќе од двојно поголем капацитет од Three Gorges, која e најголема во светот со капацитет од 22.500MW. Новата брана ќе биде изградена во местото Медог и за таа цел ќе биде потребно да се иселат 14.000 мештани. Регионот е во близина на кинеската граница со Индија. Аналитичарите сметаат дека властите во Кина со овој проект сакаат да креираат дополнителен политички инструмент во процесот на решавање на проблемите со соседите. Yarlung Tsabgpo извира од ледниците на западот на Тибет, на надморска височина од околу 5.000 метри. Таа го сочинува горниот тек на Брамапутра која тече низ Индија и Бангладеш.

tibet1

tibet2

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top