Таканаречениот „Mini sky city“ облакодер со локација во Чангша, Кина, е изграден за неверојатни 19 дена. Објектот има вкупно 57 ката и површина од 180 илјади метри квадратни со разновидна програма. Се смета дека со ваквиот принцип на градење, потребно е помало количество на материјал и воедно значително се намалува загадувањетo на воздухот предизвикано од градилиштата.
Објектот е составен од 19 метри висок атриум, 800 апартмани и канцелариски простор за 4.000 луѓе, и е дел од огромниот комплекс Sky City којшто се планира да реализира околу 220 облакодери со максимална височина од 840 метри.