Насловна / Вести / Кина издала дозвола за превоз на патници со беспилотно летало

Кина издала дозвола за превоз на патници со беспилотно летало

Кинеските власти за цивилно воздухопловство издале дозвола за производство на домашното беспилотно електрично летало EH216-S, кое има можност за вертикално полетување и слетување (eVTOL), за превоз на патници. Дозволата која е издадена од страна на Управата за цивилно воздухопловство на Кина, е прв сертификат во светот кој е доделен за производство во оваа индустрија и претставува значаен чекор кон масовно производство на eVTOL летала.

1_92

EH216-S е развиен и произведен од страна на EHang, една од водечките светски компании за технолошка платформа за урбана воздушна мобилност. Леталото може да има широка примена во превоз на патници, како и логистика и реагирање во итни случаи. Високо е 1,93 метри и широко 5,73 метри, со максимална полетна маса од 620 килограми, и предвидено за превоз на двајца патници со багаж. Има домет од 30 километри, со максимална брзина од 130km/h.

SKOREA-AVIATION-TECHNOLOGY

Испрати коментар

Scroll To Top