Кинеската компанија MingYang Smart Energy ја постави ветерната турбина со двоен ротори, која е најголемата пловечка платформа од овој тип. Ветерната турбина Ocean X има облик на буквата V, а нејзиниот вкупен капацитет изнесува 16,6 MW. Поставена е во кинескиот крајбрежен град Гуангжу. Се проценува дека годишно ќе произведува 54.000 MWh електрична енергија.
Прототипот на платформата OceanX во размер 1:10 бил тестиран во 2020 година. Турбината има маса од околу 16.50 тони и проектирана е да работи во води подлабоки од 35 метри. Отпорна е на урагани од трета категорија, ветрови со брзина до 260 km/h и бранови со височина до 30 метри.