Насловна / Вести / Кина им фрли ракавица на „Боинг“ и „Ербас“ – првиот комерцијален лет на кинески патнички авион

Кина им фрли ракавица на „Боинг“ и „Ербас“ – првиот комерцијален лет на кинески патнички авион

Првиот кинески патнички авион од домашно производство полета на својот прв комерцијален лет, што би можело да биде пресвртница во повеќедецениските напори на Кина во производството на авиони да се натпреварува со западните ривали – „Боинг“ и „Ербас“.

Летот MU9191 на авиокомпанијата China Eastern Airlines е првиот комерцијален лет на патничкиот авион C919 од кинеско производство.

k2

Кинескиот млазен авион со 130 патници полета од аеродромот Хонгџао во Шангај, а во Пекинг е пречекан со воден лак.

„Во иднина, патниците ќе можат да изберат да патуваат со големи авиони од домашно производство“, објави кинеската државна телевизија CCTV.

Од денес, C919 ќе сообраќа на редовната линија на China Eastern Airlines меѓу Шангај и Ченгду, град на југозапад на Кина.

k4

КОНКУРЕНЦИЈА НА „БОИНГ 737 МАКС“ И „ЕРБАС А320“

Авионот C919 е произведен од кинеската државна компанија Commercial Aircraft Corporation of China (Comac), но многу од неговите делови, вклучувајќи ги и моторите, доаѓаат од странство.

Пекинг се надева дека патничкиот млазен авион од кинеско производство ќе може да парира на моделите на „Боинг“ и „Ербас“ како што се 737 MAX и A320.

Првиот млазен авион со комерцијален потенцијал ќе ја намали потребата на Кина да се потпира на западната технологија. Кина инвестираше многу во производството на авиони бидејќи се стреми да стане независна во производство на клучни технолошки производи.

Заменик генералниот директор на кинеската компанија Comac во јануари објави дека примиле околу 1.200 нарачки за C919.

Компанијата планира во рок од пет години да го зголеми годишниот производствен капацитет на 150 авиони.

k3

„ЕРБАС“ НАЈАВИ ДЕКА ДВОЈНО ЌЕ ГО ЗГОЛЕМИ СВОЈОТ ПРОИЗВОДСТВЕН КАПАЦИТЕТ ВО КИНА

Азија, а особено Кина, е еден од клучните пазари за „Ербас“ и „Боинг“.

Минатиот месец, „Ербас“ објави дека двојно ќе го зголеми својот производствен капацитет во Кина, потпишувајќи договор за изградба на втора монтажна линија за А320 во Тјенџин.

Првата линија во градот на северот на Кина отворена е во 2008 година и произведува четири авиони А320 месечно.

Испрати коментар

Scroll To Top