Кинеските инвестиции во инфраструктурните проекти во Србија течат со планираната динамика и Министерството за градежништво, сообраќај и инфраструктура прави се реализацијата дополнително да забрза за да нема доцнење, нагласено е на состанокот на ресорната министерка Зорана Михајловиќ со кинескиот амбасадор во Србија Ли Манцанг. Михајловиќ изрази задоволство од досегашната соработка со кинеските инвеститори, додавајќи дека очекува двете земји наскоро да станат партнери и на почетокот на изградбата на најголемиот заеднички проект досега, изградбата на брза пруга Белград-Будимпешта, за која се очекува предлог за финансискиот модел од кинеската страна.