Насловна / Вести / Кина и Русија ќе градат пруга за брзи возови од Москва до Пекинг

Кина и Русија ќе градат пруга за брзи возови од Москва до Пекинг

66c361fbf8dd8d26502ce65ce6bc393bfe7562b4

Кина и Русија планираат изградба на пруга за брзи возови од Москва до Пекинг, со што прекусибирските патувања би се скратиле од шест дена на само два, пишува „Дејли мејл“.

Проектот за изградба на железничка линија долга 7.000 километри би чинел повеќе од 230 милијарди долари. Пругата би била трипати подолга од во моментов најдолгата линија за брзи возови, која ги поврзува Пекинг и Гуангџо.

Во моментов возовите меѓу престолнините сообраќаат преку Транссибирската железница, која ги поврзува Москва и Владивосток и водат преку монголскиот Улан Батор.

Директните возови меѓу Москва и Пекинг сообраќаат од 1954 година и ги возат патниците двапати неделно.

Новата железница, чија изградба би можела да трае околу пет години, би го скратила тоа патување дури за четири дена.

Кина има најголема мрежа на брзи пруги во светот, кои се изградени за помалку од една деценија, потпирајќи се врз трансфери од странски компании.

Маршрутата долга 9.216 километри, која ги поврзува Москва и Владивасток, е најдолгата директна линија во светот.

Првата железница што ги поврзувала овие два града била направена по наредба на царот Александар Трети меѓу 1891 и 1916 година.

Свечено ја отворил последниот руски цар Николај Втори.

Патот води низ осум временски зони.

Транссибирската железница е подолга и од Големиот кинески ѕид. Бидејќи Русија и Монголија користат пруги со широк колосек, а Кина стандардни, вагоните не можат толку едноставно да ја поминат границата. Секој мора да биде подигнат од шините и поставен на соодветни подвижни платформи. Целиот процес, во комбинација со пасошката и царинската контрола, трае и по неколку часа.

Испрати коментар

Scroll To Top