Насловна / Вести / Кина и ЕУ, очекуваат до 2035 да го решат проблемот со рециклирање на ветерните турбини, фотонапонските панели и батериите

Кина и ЕУ, очекуваат до 2035 да го решат проблемот со рециклирање на ветерните турбини, фотонапонските панели и батериите

Додека постоечките ветерни турбини и фотонапонски панели се приближуваат кон крајот на својот животен век и се закануваат зад себе да остават милиони тони отпад, Кина бара решенија за нивно рециклирање и се надева дека ќе воспостави функционален систем до 2030 година. Истовремено, европските компании развиваат технологии за целосно рециклирање на ветерните турбини, а се предвидува и рециклирањето на батерии да стане профитабилно и одржливо до 2035 година. отпадот од затворените ветерни паркови и спларни електрани обчно завршува на депонии, а несоодветното рециклирање е еден од аргументите кој често го користат критичарите на обновливите извори на енергија.

recycling1

Надлежните во Кина, сега најавуваат дека ќе бидат донесени нови правила и стандарди за тоа како да се демонтираат и рециклираат ветерните турбини и фотонапонски панели. Голем дел од ваквите постројки во Кина се изградени во почетокот на 2000-тите, а животниот циклус на оваа опрема е обично од 20 до 25 години. Според некои проценки, оваа земја ќе треба да рециклира 1,5 милиони тони соларни панели до 2030 година, и дури 20 милиони тони до 2050 година.

recycling2

Ветерните турбини се рециклабилни 85-95%, но рециклирањето на самите лопатки е проблематично, бидејќи се направени од композитни материјали. Во Европа, данскиот стартап Continuum Group тврди дека има развиено технологија за целосно рециклирање на лопатките од ветерните турбини, додека шпанската компанија EnergyLOOP планира да ја отвори својата иновативна постројка за рециклирање на лопатки веќе во 2024 година. Производителот ан ветерни турбини Vestas, исто така од Данска, неодамна го претстави хемискиот процес со кој постоечките лопатки можат во целост да се рециклираат. Истовремено, компанијата  Siemens Gamesa ја инсталираше првата на светот ветерна турбина на море, со лопатки кои целосно се рециклираат. Кога станува збор за батериите, постојат проценки дека нивното рециклирање ќе стане профитабилен и одржлив бизнис до 2035 година, со околу 8 милијарди евра приходи и потенцијално намалување на цените на батериите.

Испрати коментар

Scroll To Top