Насловна / Вести / Кина гради реплика на „Титаник“

Кина гради реплика на „Титаник“

kineski-titanik3

Во кинеската провинција Сечуан, минатата недела започна изградба на репликата на еден од најпознатите бродови во историјата – „Титаник“. Кинескиот „Титаник“ ќе биде идентичен на оригиналот што потонал во 1912 година, но за разлика од него овој никогаш нема да потоне. Причината за тоа е едноставна.

kineski-titanik2

Бродот се гради далеку од брегот, дури 1200 километри и никогаш нема да заплови. Замислен е како туристичка атракција во рамките на проектот за развој на туризмот во покраината Сечуан. Кога ќе биде готова, репликата на легендарниот брод ќе биде долга 269 метри, широка 28 метри, а во самиот брод ќе се наоѓа сала за балови иста како во оригиналниот „Титаник“, театар и базен.

Labourers work at a construction site as a Chinese company holds a keel-laying ceremony of a life-size Titanic replica at a theme park in Daying county, Sichuan province

Надворешноста на бродот ќе биде идентична со оригиналот, а гостите ќе можат да доживеат и симулација на ударот во ледениот брег, по кој „Титаник“ потона. Планирањето и конструирањето на кинескиот „Титаник“  траело полни две години. Точната цена на овој проект не е позната, но се проценува дека ќе достигне околу 145 милиони долари. Рокот за завршување е 2018 година.

kineski-titanik1

Кинескиот „Титаник“ не е единствениот обид да се направи реплика на еден од најпознатите бродови во историјата. Австралискиот тајкун Клив Палмер ја имаше истата идеја и требаше да ја реализира оваа година, но проектот е одложен за две години.

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top