Насловна / Вести / Кина гради нова хидроцентрала вредна 2,7 милијарди евра

Кина гради нова хидроцентрала вредна 2,7 милијарди евра

Hidrocentrala Zhikong KIna

Кина започна со изградба на хидроцентрала на реката Јангце во автономниот регион Тибет, а вредноста на оваа инвестиција е проценета на 2,77 милијарди евра.  Се работи за централа која ќе има капацитет за производство на електрична енергија од  1200 MW,  а се очекува годишно производство од 5,4 милијарди kWh. Акумулацијата ќе има капацитет од 674 милиони m3 вода.

SCMP 25MAY12 CH DAM5  dam15.JPG

Крајот на изведбените работи е планиран за 2021 кога се очекува централата да биде пуштена во работа и сериозно да придонесе за развојот на областа Тибет.

Седумдесет отсто од жителите на Тибет се занимаваат со сточарство и има големи потреби од вода. Кинеската влада преку своите досегашни проекти има издвоено 3,43 милијарди долари за водна инфраструктура во оваа област.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top