Насловна / Вести / Кина гради автопат со автономни машини

Кина гради автопат со автономни машини

Во областа на иновациите кога станува збор за градењето на патиштата, вести доаѓаат од Кина. За изградба на автопатот Панџихуа-Дали меѓу провинциите Сечуан и Дали сообраќајните работници користат машини што не ги управуваат луѓе, туку се автономни и самите ги вршат работите за асфалтирање. Станува збор за машини валјаци и оние кои вршат завршни работи во форма на поставување на последниот слој на патот. Машините користат GPS системи, микробранова комуникација, милиметарски радар и друга сензорна опрема за навигација во реалниот простор со помош на која го наоѓаат својот пат и ги завршуваат задачите што им се дадени. Тие се координирани далечински од контролниот центар. Технологијата што ја користат овие машини е развиена од производителот на машини Xuzhou Construction Machinery Group (XCMG), Групацијата за инвестиции во железницата Сечуан и универзитетот Цингуа. Истражувачите од универзитетот Цингуа го имаат направено „мозокот“ на овие автономни машини, кои всушност се беспилотни возила. Според нивната проценка, машините можат да работат со грешка од три сантиметри.

Kina
Овој проект не е изненадувачки, со оглед дека мостовите и тунелите сочинуваат околу 81 отсто од сите автопатишта во оваа земја, а токму овие типови патишта имаат големи побарувања кога станува збор за мазност на патот. Исто така, Министерството за транспорт во Кина во мај оваа година издаде упатства за подобрување на техниките за изградба на патишта со употреба на 5G мрежа за комуникација, позиционирање со голема точност и употреба на компјутерски системи. Целта е да се заштедат трошоци и да се зголеми продуктивноста.
Кина потроши повеќе од 225 милијарди долари за изградба на патишта во 10 месеци од 2019 година. Со помош на овие нови типови машини, во Кина во наредниот период се очекуваат повеќе „паметни“ градилишта.

Испрати коментар

Scroll To Top