Кина започна со сертификациски тестови на најголемиот амфибиски авион на светот, што означува важна презвртница во нејзините авијациски и поморски способности. Станува збор за авионот AG600, развиен од страна на компанијата Aviation Industry Corporation of China (AVIC), кој примарно е проектиран за поморски патроли и операции на потраги и спасувања. Според AVIC овој авион може да стигне на било која локација во Јужното кинеско море за највеќе четири часа. Планот е тој да се користи за транспорт на товар или патници помеѓу островите под контрола на Кина.

Авионот има единствена конфигурација, која се состои ид интегриран горен дел во облик на авион, и долен дел во облик на брод. Ова е прво кинеско самостојно развиено цивилно летало за специјални намени. Проекторано е да ги задоволи потребите за гасење на шумските пожари, поморски спасувања но и други итни спасувачки операции. Првиот тест е реализиран во 2017 година. Авионот може да полета и слета на море при бранови со височина до два метри.