Насловна / Вести / Кина го пушти во функција најголемиот телескоп на светот

Кина го пушти во функција најголемиот телескоп на светот

Кина во саботата и официјално го отвори најголемиот радио телескоп кој ќе се користи за вселенски истражувања.

Пет стотини метри широк сферичен радио телескоп – Фаст (Five-hundred-meter Aperture Spherical radio Telescope – FAST) завзема површина колку 30 фудбалски игралишта, а е сместен на планинскиот венец во југозападната провинција Гуејџоу. Во Кина го нарекуваат и „Небеско око“.

теле1_resize

„Небеско око“ завзема површина колку 30 фудбалски игралишта

Кинеската агенција Синхуа известила дека телескопот добил официјална дозвола за отпочнување со работа. Градбата на телескопот е завршена уште во 2016. година и од тогаш се спроведувани тестови и отстранувани недостатоци.

Главниот инжебер на Фаст, Џианг Пенг, наведува дека пробните операции на телескопот биле сигурни и стабилни, а дека неговата осетливост е два ипол пати поголема од вториот најголем телескоп на свет.

теле2_resize

Изградбата на „Фаст“ започна во 2011 година

За време на пробната работа кинеските научници дошле и до некои вредни научни податоци, кои се очекува дека ќе придонесат за голем напредок во наредните три до пет години во областите како што се откривање на гравитациони бранови со ниска фреквенција и меѓуѕвездени молекули, наведува Синхуа.

Унапредување на кинескиот вселенски програм е приоритет на Пекинг. Земјата си поставила цел да фати чекор со Русија и Соединетите Држави и стане главна вселенска сила до  2030. година.

Пекинг планира наредната година да почне изградба на сопствена вселенска станица.

Испрати коментар

Scroll To Top