Кога зборуваме за Кина, една од првите работи кои се споменува е проблемот на загадувањето на воздухот. Тоа е земја која се стреми кон самиот врв на водечките светски сили во области како што се индустријата и технологијата, но таквата амбиција често остава разорни последици врз животната средина.
Затоа што во големите кинески градови речиси и не може да дише без голема количина на смог, нешто морало да се направи. Проектот Forest City е создаден токму поради оваа причина, а неодамна бил целосно претставен на јавноста.
Градот Liuzhou би можел да стане првиот целосно еколошки град кој ќе функционира на принципот на самоодржливост.
Градот ќе се наоѓа по течението на река и ќе зафаќа површина од повеќе од 175 хектари. Ќе има околу 30.000 жители, кои ќе живеат меѓу повеќе од еден милион растенија и 40.000 дрвја, кои ќе бидат во состојба да апсорбираат 10.000 тони јаглерод диоксид.
Проектот го дизајнирале луѓето од студиото Stefano Boeri Architetti, и истите посочиле дека внимателно се работело за да се осигури максимално искористување на соларната и геотермална енергија.
Овој потенцијално револуционерен град треба да биде завршен во 2020 година.