Во понеделникот, 30 декември 2024 година, Кина ја заврши изградбата на најдолгиот тунел во светот „Tianshan Shengli“, кој ќе ги поврзува јужните и северните делови на автономната област Xinjiang.
Времето на патување низ средниот дел на планината Tianshan се очекува да се намали од неколку часа на околу 20 минути.
Тунелот долг 22,13 километри, „ Shengli “, на кинески значи „победа“. Проектот се одликува со двонасочен тунел со четири ленти со проектна брзина од 100 километри на час. Се наоѓа во длабочините на планините Tianshan, на просечна надморска височина од над 3.000 метри, објави China Media Group (CMG).
Во текот на изминатите четири години, повеќе од 3.000 работници континуирано работеле на голема надморска височина и во услови со ниско ниво на кислород, додека се справувале со бројни геолошки предизвици и ризици како што се пукање на карпи, големи деформации во меките карпи и уривања, се вели во извештајот на CMG.
Проектот се соочувал со тешки еколошки услови и многу сложена геологија. Вообичаено, би биле потребни околу 72 месеци за да се заврши тунелот користејќи конвенционални методи. Сепак, градителите успешно го завршија за само 52 месеци, велат од CMG.
По излезот, тунелот е дел од речиси 320 километри долгиот автопат Urumqi-Yuli, кој треба да биде отворен во 2025 година.
Патот води од регионалниот главен град Urumqi во северниот дел на Xinjiang до округот Yuli во јужниот дел.
Новиот тунел ќе го намали времето на возење меѓу Urumqi и Yuli од околу седум часа на нешто повеќе од три часа, според China Daily.
Yang Dongdong член на тимот конструктивци, изјави за China Daily. „Се чувствувам многу емотивно кога гледам дека работите на тунелот конечно завршија. Тоа е како да го гледам како ми се раѓа дете“.
Cui Jingchuan, претседател на China Communications Construction Xinjiang Transportation Investment and Development Co, изјави за China Daily: „Го разбивме технолошкиот монопол на странските земји на ова поле и го презедовме водството во иновациите“.