Насловна / Вести / Кина ги објави своите енергетски климатски цели

Кина ги објави своите енергетски климатски цели

По изјавата на претседателот Xi Jinping, дека Кина ќе биде јаглеродно неутрална до 2060 година, оваа земја сега ги објави деталните цели  за својата нискојаглеродна и енергетска транзиција до 2030 година. Кина ќе го зголеми уделот на нефосилните горива во примарната потрошувачка на енергија на околу 25%, додека вкупниот капацитет за производство на енергија од ветер и сонце ќе се зголеми на над 1.200 GW, изјавил претседателот Xi на виртуелниот состанок на самитот за климатските амбиции на 12-ти декември. Оваа цел ќе додаде најмалку 75 GW во капацитетите на ветер и сонце, на моменталата годишна стапка на раст од 10,2%.

Земјата исто така ќе ја намали емисијата на CO2 по единица БДП (јаглеродна интензивност) за над 65% од нивото од 2005 до 2030 година, додека истовремено ќе го зголеми подрачјето под шуми. Јаглеродната интензивност на Кина, минатата година била намалена за 48,1% во однос на 2005 година.

china_climate1

За постигнување на зацртаните амбициозни цели, ќе бидат потребни поцврсти политики од моменталните. Намалувањето на јаглеродната интензивност е таргетирана на  60-65% во стратешката енергетска политика која кинеската влада ја донела во 2017 година, а нефосилните горива имале за цел удел од 20% во примарната енергија до 2030 година. Се очекува индустриските субјекти да посветат повеќе внимание на иновациите во технологијата на складирање на електриична енергија и во подобрување на енергетската ефикасност на своите системи. Патоказот за енергетската транзиција на земјата е претставен во октомври, преку извештајот објавен од страна на Институтот за климатски промени и одржлив развој на Универзитетот Tsinghua во Пекинг. Притоа, на владата и е советувано да ги следи политиките кон нефосилните горива, со цел до 2030 тие да достигнат удел од  24,3-28,6%  во примарниот енергетски микс, при што уделот на јагленот треба да падне од сегашните 57% на 43-46%.  Сепак, иако уделот на производните капацитети на јаглен е намален на 51,8% во 2019 година, јагленот и натаму е водечки енергент со учество од 62% во вкупното производство на енергија.

china_climate2

Испрати коментар

Scroll To Top