Насловна / Вести / Кина ги исполнила целите за енергија од ветер и Сонце, 6 години пред рокот

Кина ги исполнила целите за енергија од ветер и Сонце, 6 години пред рокот

Кина продолжува да руши рекорди во користењето на обновливите извори на енергија. Така, на крајот на јули достигнала вкупен иснталиран капацитет за производство на електрична енергија во ветерни паркови и соларни електрани од 1.2o0 GW, цел што била поставена за 2030 година.

Вкупниот инсталиран капацитет на електрани за производство на електрична енергија во Кина на крајот на јули бил 3.100 GW, покажуваат податоците на кинеската Национална енергетска администрација. Од тоа, ветерните паркови имале моќност од 470 GW, а фотонапонските постројки 740 GW. Уште во средината на минатата година било јасно дека Кина порано ќе ја оствари целта зацртана за 2030 година кога станува збор за соларот и ветерот. Прогнозите велеле дека тоа ќе се случи пред крајот на 2025 година, но темпото на инсталирање на нови капацитети дополнително се забрзало. Така, во 2023 година Кина беше прва на светот по инсталирање на нови ветерни паркови и фотонапонски електрани.

Испрати коментар

Scroll To Top