Насловна / Вести / Кина ги финализира плановите за слетување на екипаж на Месечината до 2030 година

Кина ги финализира плановите за слетување на екипаж на Месечината до 2030 година

Кина е во фаза на реализација на плановите за слетување на екипаж на Месечината, а целта е да се испратат луќе за прв пат ан лунарната површина до крајот на деценијата. На 9-тиот кинески меѓународен комерцијален воздухопловен форум во Вухан, презентиран е прелиминарниот план за испраќање на двајца астронаути на Месечината пред 2030 година. Во текот на презентацијата е истакната целта на мисијата, односно реализацијата на низа научни задачи вклучувајќи и собирање на примероци. Мисијата ќе вклучува вселенско летало со екипаж, како и сегменти од лендер кој ќе се лансираат посебно со помош на две Long March 10 ракети.

chinamoon1

Во првата мисија со екипаж, леталото и лендерот ќе се сретнат во орбитата пред обидот за слетување на површината на Месечината. Леталото со екипажот ќе има маса од 26 тони, и веќе е тестирано во лет на голема височина. Сегментот за слетување ќе се состои од лендер и погонски фази тешки околу 25 тони. Погонската фаза ќе се користи за влегување во лунарната орбита и спуштање на површината на Месечината пред враќањето на астронаутите во лунарната орбита. Мисијата ќе вклучува и лунарен ровер со домет од 10 километри и амса од 200 килограми, во кој ќе може да се сместат двајца астронаути. Кина развива и вселенско одело за лунарни операции, кое ќе мора да биде функционално најмалку осум часа во континуитет.

chinamoon2

Во моментот Кина ги развива ракетите Long March 9 и  Long March 10, при што „деветката“ е замислена како систем за повеќекратни лансирања сличен на Starship на  SpaceX, додека „десетката“ ќе биде користена за првата кинеска мисија на Месечината со екипаж. Long March 10 ќе биде ракета со три фази, а првата ќе содржи три јадра со пречник од пет метри. Ќе може да испрати во вселената товар од 17 тони. Тестното лансирање на Long March 10A, помалата двостепена верзија од оваа ракета, е закажано за 2027 година.

Во мај годинава, Кина соопшти дека има намера да испрати астронаути на Месечината до 2030 година. Земјата сака да изгради лунарна база во наредната деценија, под името Меѓународна лунарна истражувачка станица (ILRS). Во меѓувреме, американската вселенска агенција NASA оди кон реализација на првото слетување на екипаж на Mесечината по повеќе од половина век, поточно уште од мисијата Apollo 17 од 1972 година. Тој предизвик е цел на мисијата Artemis III планирана за 2025 година. Исто така, целта на програмата Artemis е и воспоставување на трајно присуство на Месечината.

Испрати коментар

Scroll To Top