Кинеската влада формираше нов инвестициски фонд кој ќе располага со речиси 15 милијарди долари со цел да прерасне во вистински светски лидер на интернет-сферата.
Средствата ќе се користат за интернет-иновации, создавање и помош на компании, подобрување на интернет-инфраструктурата и сајбер безбедноста во земјата и напредни проекти кои ќе ги водат и државните институции и постоечките интернет-сервиси.
Според Кинескиот информациски центар за Интернет, бројот на регистрирани корисници на Интернет во Кина е 731 милион луѓе, што е колку и населението во цела Европа. Таа цифра означува дека 53 отсто од жителите на Кина имаат пристап до Интернет.