Насловна / Вести / Кина е сопственик и на втората по големина хидроцентрала на светот

Кина е сопственик и на втората по големина хидроцентрала на светот

На реката Јангцекјанг во Кина се наоѓа најголемата каскада на хидроцентрали на светот. Државната компанија China Three Gorges Corp, која на таа река веќе управува со хидроцентралата „Три клисури“ (Three Gorges) од 22,5 GW, најголемата електрана на светот воопшто, ја заврши изградбата на хидроцентралата Baihetan од 16 GW, која стана оперативна пред крајот на 2022 година, па сега на кинезите им припаѓа и второто место во оваа категорија.

баихетан2

Новата брана која држи 20,6 милијарди кубни метри вода, се наоѓа на реката Џинша на југозападот од земјата. Тоа име го опфаќа всушност горниот тек на Јангцекјанг. Во склоп на овој објект, на границата ан покраините Јунан и Сичуан поставени се 16 турбини. Тие можат да произведат 62,4TWh електрична енергија годишно, што одговара на потрошувачката ан 75 милиони луѓе. Изградбата е започната во 2017 година, а првите генератори започнаа со производство на електрична енергија во јуни 2021 година. Последната од турбините е монтирана во мај 2022.

баихетан3

баихетан4

Каскадата се ниже на 1800 километри од текот на Јнгцекјанг. Се состои од шест хидроцентрали со вкупно 110 турбини и 71,7GW збирна инсталирана моќност. Тој комплекс е значаен за пренос на електрична енергија од западните региони на Кина, кои с ебогати со ресурси, во индустриските капацитети и населени места во источниот дел на земјата, каде има голема потрошувачка на енергија.

баихетан5

 

Испрати коментар

Scroll To Top