Биогоривото на кинеската рафинерија Sinopec, ќе може да се користи во комерцијалните летови. Kомпанијата уште во 2012 година поднела барање за одобрување на ова гориво. Во авиосообраќајот во Кина годишно се трошат околу 20 милиони тони гориво. Со примената на биогоривото значително ќе се редуцира загадувањето на животната средина. Меѓународната унија за воздухопловство предвидува дека до 2020 година, биогоривото ќе учествува со 30% во вкупната потрошувачка на гориво во авиосообраќајот.
Извор: energis.ba