Насловна / Арт и дизајн / Килограм мебел!!!

Килограм мебел!!!

17-0078201Дизајнерот:… но господине, мојата работа е да Ви помогнам да дојдеме до решение. Решението ќе ни покаже дали Вам навистина Ви е потребен мебел во таков облик каков што баравте од нас.

Клиентот:… од каде Ви е таа одважност и тој безобразлук. Па јас сигурно знам што најмногу ми одговара мене и на мојата фирма!

Дизајнерот:… секако дека Вие знаете што Ви треба, Вам и на Вашата фирма. Но би сакал да ме сослушате, па самите ќе сфатите дека зборуваме за исти работи и на ист начин, само гледаме од различни агли.vintage-scale-o

Замислете дека сте ангажирале архитект за уредување на својот стан. Елементи на Вашиот стан се подови, ѕидови, санитарии, керамика, осветлување, боја, отвореност на станот – прозрачност, динамика на движење, … итд. Тоа се работи за кои Вие не сте размислувале одделно, но тоа умеете да го опишете во форма на севкупниот впечаток на просторот. Колку пати некој ќе оформи мислење за нешто, а притоа и сам не знае точно да дефинира кој од елементите во просторот најмногу влијае врз него и неговото мислење. Во неможноста тоа точно да го дефинира, или, уште подобро кажано, од непотребноста да се задлабочи во концептот на просторот, човекот доаѓа до заклучок „убаво е, ми се допаѓа“ или „не сум задоволен, не ми се допаѓа“.

Клиентот: со тој факт се согласувам, бидејќи, заради своите обврски, никој нема време да се задлабочува, а што е уште поинтересно, нема ни потреба. На крајот на краиштата секој треба да си ја работи својата работа.

Дизајнерот:… хммм! Некој што се занимава со анализа, проектирање и уредување на просторот, во таа работа вложува прилично време да открие комбинации на материјали и елементи во просторот за да добие најдобри резултати за самиот простор. Низ сето тоа ќе ја потврди својата струка, а ќе добие и задоволен клиент, се сложувате?

Sales Strategy Concept Image

Клиентот:… не погрешивте, во потполност се сложувам. Меѓутоа, опремувањето на просторот со себе влече и други работи. Што е со економскиот аспект? Некој што се занимава со проектирање и уредување на просторот, обично ја предвидува, слободно можам да кажам, најважната работа – БУЏЕТОТ…!?

Дизајнерот:… баш ми е драго што го спомнувате ова. Тоа само потврдува дека, сепак, зборуваме за исти работи. Со анализа на решението, ќе дојдеме до формата на елементите во просторот, било да зборуваме за статичните елементи (ѕидови, подови итд.) или за мебелот. Со формата ќе ја дефинираме идејата за тоа „која ни е целта и што ќе постигнеме во просторот“. Ќе ги дефинираме материјалите, ќе видиме што е тоа што во најголема мера нè приближува кон целта. И така ќе знаеме што треба понатаму да негуваме. Имајќи предвид „што е тоа што ни треба“, ќе сфатиме без што се може, и што можеме да трансформираме во нешто малку поинакво, бидејќи, очигледно, како такво и нема некој значаен ефект, за кој можеби претпоставуваме дека ќе има. Тука самите себе си создаваме услови, не само што го имаме предвид економскиот аспект на проектот, туку и да влијаеме на решението така што ќе го почитуваме БУЏЕТОТ, а сепак да дојдеме до својата цел.HyperFocal: 0

Клиентот:… зарем не мислите дека правиме слон од мравка …?

Дизајнерот:… извинете, не разбирам?

Клиентот:… не ме сфаќајте погрешно, не би сакал да ја омаловажувам туѓата работа и струка, но сепак мислам дека три работни места се исто како и сто и три работни места. Не гледам тука место за некоја филозофија …

Дизајнерот:… Ве разбирам за што зборувате. Да речеме вака: вашата работа од Вас бара автомобил за да се довезете до работа. Решението е да најдете автомобил со економична потрошувачка, лесен за одржување, погоден за градско возење, а сепак и да ги задоволи потребите за удобно возење. А што е со емотивниот дел, сопствениот и во Вашето опкружување? … Скоро сум сигурен дека сега Вие мене ќе ме разберете; трите работни места ја дефинираат просторијата, канцеларијата. Тогаш слободно можеме да кажеме дека секој од тие вработени во тој простор учествува со своите 33,33%, и физички и со својот говор, размислување итд. Ќе забалежите дека во просторот од 103 работни места, во случај сите да се во една просторија во форма OPEN-SPACE (отворена канцеларија, без прегради), секој учествува во просторот со 0,97% физички и во секоја друга смисла. На секој од нив ќе му биде обезбедена иста квадратура, бидејќи 33,33% помала канцеларија може да биде исто како и 0,97% поголем простор.17-0079495

Меѓутоа, начинот на кој ќе комуницираат вработените во двата случаи ќе биде тотално различен. Фолозофијата на просторот со три и со 103 работни места не е иста. Забележавте дека го користам зборот ФИЛОЗОФИЈА, тоа не се филозофски теории, туку ставки кои емпириски се применувани со векови, бидејќи се знае до кои резултати доведуваат… Тоа е она за што некој што се занимава со тоа води сметка. Тоа е она што му дозволува да ги држи во рамнотежа ЦЕЛТА и БУЏЕТОТ. Тоа е „елемент“ кој не го гледате, а кој и тоа како влијае на целокупниот впечаток.

Клиентот:… добро, претпоставувам дека, сепак, многу од тоа е под површината.

Дизајнерот:… да се вратиме на Вашиот стан. Вие сигурно сте знаеле кој под ќе го ставите, кои бои ќе ги користите, изборот на мебел,  но сте ангажирале некој да Ви направи решение бидејќи не сте сакале  да предимензионирате нешто, да ставите нешто непотребно, да нарачате помалку, да ставите боја која нема да го постигне бараниот ефект, да купите гарнитура која изгледа убаво во САЛОНОТ, но во Вашиот стан изгледа поинаку, да ставите прејако осветлување – можеби премалку светло… И да ја знаевте квадратурата на Вашиот стан, сепак се консултиравте за паркетот, плочките … итд.

Клиентот:… па да, сепак јас ја работам својата работа, и немав време да се занимавам со тоа. А и како што велите, веројатно сето тоа не би изгледло како што мислев дека треба …

Дизајнерот:… Вашата работа и доведе до позиција сега да го средувате просторот, и тоа е добро. Но Вашата потреба нема да го задоволи само бројот на работните места. Тие работни места ќе имаат свои потреби за меѓусебна интеракција па можеби и интеграција. Тоа секако ќе Ви заштеди одредени средства, а ќе го подобри и самото работење во иднина.used-Unique-Chair-with-Fish-Scales-Pattern-Made-of-Steel

Клиентот:… во својот стан сам барав свое решение, тоа сепак е моја куќа. Па добро, ако зборувам искрено, мојата компанија е моја втора куќа, … хммм. Што препорачувате?

Дизајнерот:… Седнете да поразговараме за Вашиот простор и за Вашите потреби.

Прво, би сакал да Ви се заблагодарам на времето што сте го издвоиле за да дојдете кај нас. А пред сè, би Ви рекол, добре дојдовте во DELIGHT!

reklama 2

Автор: Младен Младеновиќ, дипл.инж.арх.

 

Испрати коментар

Scroll To Top