„Сакам боја. Фасцинирана сум од истражувањето на можностите на дизајн на килим во боја со јазли и со волна и свила. Постојат толку многу начини да се создадат оригинални килими со спротивставени бои, текстури, дебелини, техники на ткаење, тип на предиво и целокупната форма на дизајнот – тоа е многу возбудлив медиум“, вели Sonya Winner, основач и креативен директор на британскиот бренд Sonya Winner Rug Studio.
Sonya Winner дизајнира наградувани, современи килими. Luxe Living Magazine ја прогласи за „Современа дизајнерка на килими“ во 2020 и 2021 година, поради нејзиниот живописен стил. Дизајните на Sonya започнуваат како колажи кои се преточени во етички рачно изработени килими. Тие се произведени од занаетчиски ткајачи кои ги оживуваат нејзините впечатливи дизајни и се продаваат преку Интернет во над 30 земји. Луѓето ги обожуваат смелите, геометриски обрасци кои го формираат нејзиниот препознатлив стил.
Sonya создава извонредни килими кои се сликовити, живописни и многу оригинални.
Нејзиниот прв килим, After Matisse, предизвика меѓународна сензација кога го започнала својот бизнис со килими на Фестивалот за дизајн во Лондон во 2011 година.
Sonya ги дизајнира своите модерни килими во нејзиното студио во Лондон, каде што исто така се наоѓа и изложбен простор.
Секоја година Sonya и нејзиниот мал тим работат на голем број нови дизајни на килими и мал број килими по нарачка.
„Бојата е клучна – ја трансформира околината, го менува расположението, создава возбуда, амбиент, интересирање и едноставно ве прави среќни. Мојата цел е да додадам живост, топлина и позитивност во собата – оттука потекнува мојата страст за создавање шарени, модерни килими“, вели Sonya Winner, која студирала графички дизајн во Велика Британија и САД.
Кога започнува нов дизајн на килим, Sonya бара мирно место и слуша џез и се задлабочува во својата библиотека, полна со книги, скици и цртежи полни со идеи што ги забележала.
Таа не ги следам трендовите, смета дека е навистина важно да го прави она што и годи на окото, наместо да следи одредена мода. Сè што создава смета деа мора да биде „правилно“, верува дека треба да си верен на себе како уметник. Сака да создава парчиња кои се безвременски, наместо врзани за одредена сезона или мода.
Кога дизајнира килим сака да бидам разигран и спонтан и да не се ограничува со конвенции. Инспирирана е од многу уметници и дизајнери, но особено ги сака Matisse, Henri Moore, Kandinsky, Vivianna Torun, Calder, Maija Isola, Bridget Reilly, Renzo Piano.
Кога ги дизајнирав килимите, секогаш се потсетува дека во хомоген свет, може да биде предизвик да се најде нешто што се истакнува и додава длабочина и емоции во домот. Така, ги создава овие килими за да ја исполнат просторијата со боја, топлина и ја направат интересна.
Сите дизајни на килими ги гледа како експерименти во боја, демонстрирајќи како боите често се преклопуваат и мешаат, често создавајќи илузија на транспарентност. Потребни се многу часови и многу верзии на дизајнот за парчето да биде комплетно. Дизајните се сложени комбинации на бои и форми, на крајот префинети во визуелна едноставност што делува складно и комплетно.