Научнците во Лабораторијата за органска електроника на Универзитетот Линкопинг во Шведска, успеале за првпат да создадат специјална структура за складирање на енергија позната како суперкондензатор, во растение. Растението за кое се работи во овој случај е цвеќето роза и може да се полни и празни стотици пати.
Во ноември 2015 година, од група истражувачи беа презентирани резултати кои покажуваат дека предизвикале розата да апсорбира раствор од спроводлив полимер. Спроводливиот хидрогел во стеблото на розата се формира во вид на жица, a со поставување на електроди на секој од краевите и порта во средината, се создава целосно функционален транзистор. Овие резултати беа презентирани во „Science Advances“ и предизвикаа голем интерес во целиот свет.
Еден од истражувачите, Роџер Габриелсон, сега развил материјал специјално дизајниран за оваа намена. Материјалот полемиризира во внарешноста на розата, без никаков надворешен активатор. Природната течност што ја има во розата, придонесува да се создаде една долга, спроводлива нишка, не само во стеблото, туку и во надворешните делови – листовите и цветот.
„Успеавме розата да ја полниме стотици пати, без уредот воопшто да изгуби од перформансите. Нивото на складираната енергија што го постигнавме е со иста големина како кај суперкондензаторите. Ваквото растение, без никакво оптимизирање на системот, може да ги напојува нашите јонски пумпи на пример, како и различни видови на сензори“– вели Елени Ставриниду, доцент од Лабораторијата за органска електроника.
„Пред неколку години покажавме дека е возможно да се создадат електронски растенија, но сега покажавме дека ова истражување има практична примена. Покажавме дека е можно не само да се складира енергија, но и дека може да направиме системи со одлични перформанси“, вели професорот Магнус Бергрен, директор на Лабораторијата за органска електроника на Универзитетот Линкопин.