Насловна / Екологија / Киа „соул“ наскоро на електричен погон

Киа „соул“ наскоро на електричен погон

kia
Производството на електричниот автомобил „соул“ на корејската компанија Киа ќе почне идниот месец, додека во продажба ќе се најде на крајот на оваа година. Сепак, очекувањата во врска со продажбата на овој модел не се премногу оптимистички. Годишниот план е да се продадат 5.000 возила.

Електричниот модел на Киа, освен на домашниот пазар ќе се најде и во салоните во Европа. Овој модел на „соул“ ќе го движи електромотор со сила од 81 kW. Со едно полнење на батеријата автомобилот би можел да помине 193 километри.

Испрати коментар

Scroll To Top