Насловна / Вести / „Киа“ развива систем за контрола на перформансите на електричните возила

„Киа“ развива систем за контрола на перформансите на електричните возила

Групацијата Hyundai Motor Group, каде припаѓа и бреднот Kia, го претстави системот кој ја оценува бруто масата на лесните комерцијални електрични возила, и во согласност со тоа ги оптимира перформансите. Се работи за првиот ваков систем во автомобилската индустрија.
Пресметувањето на најголемата дозволена маса на возилото во текот на возилото значи дека вртежниот момент с еприлагодува со цел достигнување на што поголема измината оддалеченост – максимално искористување на проценетото преостанато растојание. Тоа го намалува триењето кога возилото пренесува помалку товар, а со тоа се зголемува ефикасноста. Новата технологија исто така овозможува и прилагодување на вртежниот момент на топографијата односно конфигурацијата на теренот.

kia1
Ценовната конкурентност на лесните комерцијални електрични возила е клуч до успехот за сопствениците на малите бизниси. Hyundai Motor групацијата вложува многу труд во развој на еколошки прифатливи комерцијални возила со намалена емисија на штетни гасови. Минатата година групацијата потпишала писмо за намери со швајцарската компанија H2 Energy за основање на зедничка компанија која во наредните пет години ќе лансира ијлада тешки товарни возила со погон на горивни ќелии.

kia2

Испрати коментар

Scroll To Top