На посебниот настан Kia Brand Summit во Германија, Kia го претстави моделот EV9, ја освежис тратегијата ан брендот и ги претстави своите актуелни иновации, со кои планира да ја преобликува мобилноста во Европа. Оваа најава се темели на успешната стратегија Plan S, со која Kia сака да пружа одржливи решенија за мобилноста врз основа на три главни столба: „луѓето“, „Планетата“ и „профитот“. Во склоп на овие столбови Kia сака да ја зголеми вредноста за клиентите со пристап кој е фокусиран токму на нив, намалување на емисиите на јаглерод со употреба на одржливи материјали, создавање на приходи и воедно дејствување како одговорна компанија.
После успехот на моделот EV6, новиот EV9 поставува нови стандарди и ја зајакнува посветеноста кон електрификацијата. Се поголемата понуда на електрични возила кои Kia ќе ги претстави до 2027 година, е составен дел на планот на Ki, да ја задржи Европа како свој најважен пазар на електричи возила, при што претставувањето на моделот EV9, доаѓа откако овој бренд во првиот квартал оставрил рекордна добивка, од кои дури 34,9 % се должи на електричните возила. Оваа цел е поткрепена со планот на Kiа во наредните 5 години да вложи 22 милијарди евра, при што 45% од тој износ ќе бидат наменети за идните деловни подрачја (роботика, електрификација и автономни возила).
EV9 е направен на посебна платформа за електрични возила, поради што е опремен со технологии, дизајн и функции какви што досега немал ниту еден голем електричен SUV. Тој ќе биде расположив и за можноста за автономно возење од трет степен, со функцијата AutoMode и функцијата Highway Driving Pilot (во прво време само во Германија), покажува каква иднина ја чека Европа. Од 2026 година, Kia планира во својата фабрика во словачка да произведува мали и средни електрични возила, кои се клучни за европскиот пазар.