Архитектката од Чикаго Керол Рос Барни е наградена со Златен медал за 2023 година од страна на Американскиот институт за архитектура (American Institute of Architecture – AIA).
Доделуван речиси постојано од 1907 година, Златниот медал е највисоката чест што AIA ја доделува на архитектите за нивниот придонес во професијата.
Барни – која е втора жена што ја освои наградата самостојно и вкупно четврта – го доби медалот за своите достигнувања како проектант и едукатор.
„Барни е препознаена по својата потрага за архитектура која го подобрува секојдневниот живот на сите кои се во интеракција со неа, преку својата скоро петдецениска работа“, објаснуваат од AIA.
Федералната зграда на Оклахома Сити
„Незаменлив архитект за луѓе, Барни зрачи со проектантска извонредност, општествена одговорност и великодушност“.
„Нејзиниот пионерски пристап и етика се јасни примери за највисоките аспирации на архитектурата“, продолжуваат од AIA.
Се школувала на на University of Illinois at Urbana Champaign, Барни се придружила на Peace Corpsu каде што помагала во изградба на Службата за национални паркови на Костарика пред да се врати во Чикаго во 1981 година за да го основа своето биро – Ross Barney Architects.
Првата голема нарачка е редизајнот на Федералната зграда на Оклахома Сити по смртоносниот бомбашки напад во Оклахома Сити во 1995 година, создавајќи зграда во форма на буквата U која укажува на „надеж во соочување со огромната трагедија“.
Брегот на Чикаго
Барни исто така е позната и по нејзината обемна работа на подмладување на брегот на реката Чикаго, таа ја превзела водечката улога во проектот за шеталиштето покрај реката што го редефинирал делот долг два километри долж пловниот пат во срцето на Чикаго.
„Паркот се повикува на пренаменетата инфраструктура што го дефинира во обидот да создаде дискретни простории помеѓу мостовите“ вели АIА.
„Вклучувајќи тури со кајак, вински бар, споменик на ветерани и безброј јавни програми, проектот донесе позитивна енергија во урбаното подрачје на Чикаго и претставува модел за градовите кои ги преиспитуваат своите водни ресурси“.
Повеќе од 30 години, предавала на Illinois Institute of Technology во нејзиниот роден град, предавајќи различни курсеви од транспорт до урбан развој и производство.
Железничка станица, Чикаго
Меѓу проектите на Барни се и железничка станица во Чикаго завиткана во перфорирана цевка, како и ресторан Мекдоналдс кој е обложен со дрво.
Еден од поновите проекти на нејзиното биро Ross Barney Architects е шарен јавен парк во Роџерс, Арканзас.
Ресторан Мекдоналдс
Парк во Роџерс, Арканзас