Насловна / Вести / Кенија го пушти во погон најголемиот ветерен парк во Африка

Кенија го пушти во погон најголемиот ветерен парк во Африка

Минатата седмица во Кенија пуштен е во погон најголемиот проект на ветерна енергија во Африка. Лоциран на бреговите на езерото Туркана во северна Кенија, овој проект им амабиција да ги намали трошоците за енергија и зависноста од фосилни горива, а крајната цел на земјата е 100% енергија од обновливи извори до 2020 година.

Ветерниот парк под името Lake Turkana Wind Power(LTWP), има 365 турбини и ќе има удел од 13% во енергетскиот микс на Кенија.

turkana1

turkana2

Во моментот, 70% од електричната енергија на Кенија потекнува од обновливи извори – хидроенергија и геотермална енергија. Тоа е три пати повеќе отколку светскиот просек. Државната компанија KenGen произведува 80% од електричната енергија, од кои 65% доаѓа од хидро извори.

Новиот проект чини приближно 700 милиони УСД, има инсталирана моќност од 310MW и претставува најголема приватна инвестиција во историјата на Кенија.

turkana3

 

Еден коментар

  1. ing.arh.Ljupco Atanasovski

    Ova se slucuva vo KENIJA – Afrika !!!. A nie imame samo edna ” mini vetrenjaca ” kaj Bogdanci !?, a sme vo Evropa. I seuste se krstime vo Rek Bitola, koja ja unistuva Pelagonija i gi true bitolcani. Se izmesaa kontinentive ocigledno, bar za nas.

Испрати коментар

Scroll To Top