Kengo Kuma and Associates, заедно со Беким Рамку и OUD+ Architects, се добитници на првата награда на конкурсот за реконструкција на зградата Gërmia и нејзина преадаптација во концертна сала и своевидна културна знаменитост на Косово. Зградата Gërmia е еден од највпечатливите објекти на модернистичката архитектура во Приштина. Датира од 70-тите години на минатиот век и зазема значајно место во колективната меморија на граѓаните на Приштина. Токму затоа, условите на конкурсот барале зачувување на постоечката архитектура. Победничкото проектно решение во целост го почитува тоа и создава одлична поврзаност помеѓу различните јавни простори со основната намена на објектот, н вклучува и изложбен простор и други содржини. Проектот вклучува многу елементи на одржливост, меѓу кои собирање на дождовницата, природна вентилација и зелен покрив. Генерално, овој проект има намера да го заштити модернистичкото наследство на Приштина, истовремено креирајќи современа платформа за уметничката сцена на Косово.