Насловна / Архитектура / Кенго Кума ќе го реконструира влезот во катедралата Свети Морис

Кенго Кума ќе го реконструира влезот во катедралата Свети Морис

Јапонскиот архитект Кенго Кума е ангажиран да го проектира обновувањето на западниот влез на катедралата во 12 век во Франција. Катедралата Свети Морис во Анже е историска зграда изградена со специфични пропорции како уникатно дело на средновековната архитектонска историја. Кума предложил проект кој воспоставува хармонична интеракција со заоблените премини и се вклопува во сегашниот проект на катедралата. Се очекува работите да завршат до 2024 година.

Kuma

Планот е архитектите да се стават на местото на средновековните градители, така што проектот ќе ја надополни старата зграда, истовремено задржувајќи ја неговата првобитна сложеност, но со модерен пресврт. За да се постигне ова, тимот користел внимателна проценка на димензиите и ѕидањето за да може интервенцијата да се изврши без оштетување на масивните sидови на катедралата, зачувувајќи го наследството на архитектурата. Со цел да се зачува оригиналниот многубоен камен влез од 12 век, архитектите морале да го реставрираат со слободни стоечки порти со лакови кои додаваат визуелна длабочина на западниот влез во катедралата.

Kuma1

Ова не е прв проект за реставрација во Франција на архитектот Кенго Кума, па затоа во Париз во близина на Иси-ле-Мулин, реконструираше напуштено место и го претвори во деловна зграда која сега е заштитен знак на таа област. Големиот проект, сместен на раскрсницата на три главни патишта, има дрвена рамка и двослојна фасада со компоненти за заштита од сонце што прават импресивна архитектонска слика.

Kuma2

Друго од неговите најпознати дела е секако бамбусовата инсталација за Миланската недела на дизајн 2021 година, која комбинира форма, материјалност и звук за да создаде холистичко искуство и на тој начин одговара на темата „Креативни врски“ со комбинирање на архитектура и музика, како и занаети и технологија.

Испрати коментар

Scroll To Top