Јапонскиот архитект Кенго Кума има победено на конкурсот за проект за проширување на музејот на фондацијата Gulbenkian во главниот град на Португалија.
Според Изабел Мота, претседател на управниот одбор Gulbenkian продолжувањето на градината сместенаа меѓу Plaza de España и Largo de São Sebastião da Pedreira претставува голем урбан зафат во центарот на Лисабон и затоа било потребно внимателно да се пристапи. Затоа бил организиран конкурс на кој победил познатиот јапонски архитект Кенго Кума.
Покрај градината, победничкото решение на Кенго Кума вклучува и проектот за организирање на влезните зони во музејот каде е прикажана модерна колекција, како и проширување на изложбениот простор на 700 квадратни метри.
Со новиот проект ќе има два нови влеза во зградата, а ќе се организира и систем на пешачки патеки што ќе ги поврзуваат седиштата и музејот.
На натпреварот во затворен тип организиран од Gulbenkian, решението на Кума ги надмина проектите од други архитекти како што се: Инс Лобо, Патриша Барбас, Педро Домингос, Аирес Матеус, Pон Павсон, Татјана Билбао, Карла Јуакаба и многу други.
Calouste Sarkis Gulbenkian (23 март 1869 година – 20 јули 1955 година) бил бизнисмен и филантроп од британската националност и ерменско потекло. Тој одигра важна улога во експлоатацијата на нафтата на Блискиот исток и беше првата личност што донесе ирачка нафта на Запад.
Во текот на животот, Gulbenkian бил вклучен во многу филантропски активности, вклучително и основање училишта, болници и цркви. Фондацијата „Калуста Гулбенкијан“, приватна фондација со седиште во Португалија, е основана во 1956 година од неговото наследство и продолжува да промовира уметност, образование и наука ширум светот. До крајот на животот, тој стана еден од најбогатите луѓе во светот, а неговата уметничка колекција беше една од најголемите приватни колекции во светот.