Прославениот архитект Кенго Кума дизајнира сребрена линија на сервис за чај за данскиот бренд Георг Јенсен.
Инспириран од традиционалните јапонски сервиси за чај, Кенго Кума ја дизајнира колекцијата Кус, што е јапонскиот збор за трева.
Оваа ограничена серија од само единаесет сетови, ќе се продаваат по цена од 71.618 евра по сервис.
Речиси сите елементи на сетот се направени од сребро. Внатрешноста на садовите е полирана и со својот сјај претставува контраст на надворешната страна, која е потемна како резултат на процесот на оксидација, пишува Dezeen.
Дрвени елементи на сетот се направени од бамбус, кој е традиционален азиски материјал.
Секое парче е направено рачно и на задната страна има врежан потпис на архитектот, заедно со обележјата на производителот.
Кенго Кума е петтиот архитект кој оствари соработка со брендот Георг Јенсен. На почетокот на оваа година, непосредно пред ненадејната смрт на Заха Хадид, објавена е нејзината колекција на накит.