Познатата актерка со австралиско потекло, Кејт Бланшет, ги прави сите подготовки за преселба во Соединетите Американски Држави.
Од оваа причина, таа го продава својот дом во Сиднеј, во вредност од 15 милиони долари. Убавиот нејзин дом со приватна плажа во Hanters Hill може да се смета за луксузна палата којашто нуди совршен поглед на реката Lane Cove.
Нејзината куќа е изградена во 1877 година и се наоѓа во престижно предградие, кое е исполнето со луксузни вили. Прекрасната вила има околу 3.642 квадратни метри приватно земјиште, и носи име Bulwarra. Поминала низ процес на реновирање од три години, а резултатот дупли простор и посебни самоодржливи простории под базенот.
Nadin Alvil од Alwill Design и Dr. Steven Lesiuk од Lesiuk Architects биле одговорни за редизајнот на вилата и нејзиното претворање во еколошки центар за семејството.
Елегантните линии на вилата креираат опуштен амбиент, при што сите простории се свртени кон северната страна и гледаат на прекрасно украсените градини.