Насловна / Вести / Казна за енергетски гигант поради загадување на околината

Казна за енергетски гигант поради загадување на околината

Coal ash spill

Американската сојузна држава Северна Каролина, ја казни големата американска енергетска компанија Duke Energy  со 25 милиони долари поради загадување на животната средина. Се работи за загадување на локацијата на поранешната термоцентрала „Sutton Electric“, која е во постапка на затворање односно декомисија.

Duke_Energy_Office
Во прашање се најмалку 2,6 милиони тони пепел од јагленот што се користел како гориво, при што е утврдено дека пепелта е сериозна закана за почвата и особено за подземните води. Компанијата има рок од 30 дена за жалба на досега највисоката изречена казна за загадување во историјата на Северна Каролина, јавува рускиот портал ‘Sputnik News’.

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top