Насловна / Архитектура / Казахстан – срцето на Централна Азија

Казахстан – срцето на Централна Азија

001rkz stepa u Kz

Република Казахстан се наоѓа во Средна Азија, има површина од 2.724.900 km2 (поголема од површината на Западна Европа) и според пространството се наоѓа на деветто место во светот. Според последниот попис има 17.221.000 жители, кои претставуваат околу 130 различни народности и етнички групи. Најмногу се Казаси, а веднаш по нив Руси. На запад излегува на Касписко Море, на север се граничи со Русија, на исток со Кина и на југ со Киргистан, Узбекистан и Туркменистан. Климата е остра континентална. Повеќе од четвртина територија заземаат степите, половина пустините и полупустините, а преостанатата четвртина планини, мориња, езера и реки.
Казахстан е една од најбогатите држави според природните ресурси со 99 елементи од периодичниот Менделеев систем на елементи. Зазема прво место во светот според истражените резерви на цинк, волфрам и барит, второ место според сребро, олово и кроматим, трето според бакар и флуорит, четврто според молибден, шесто според злато. Има значителни резерви на нафта и гас, и е најголем светски производител на ураниум.004rkz narod Kazasi
Низ поголемиот дел од историјата, просторот на денешен Казахстан го населувале номадски племиња, а првите индикации на државност се наѕираат кога просторот во 18 век станал дел од Руската империја, а подоцна Советски Сојуз. Република Казахстан ја прогласи независноста на 16 декември 1991 година, како последна советска република која го стори тоа. После транзициската криза во деведесеттите години на минатиот век, Казахстан доживува економска преродба врз основа на искористувањето на наоѓалиштата на нафта и силниот земјоделски сектор. Во последната деценија, бруто домашниот производ по глава на жител пораснал од 700 на 8.000 долари.

002rkz kanjon Čarin
Поголемиот дел од населението, главно, е распоредено по урбаните области, каде посебно се издвојуваат главниот град Астана и старата престолнина Алмати. Градот Акмола, во срцето на Казахстан, не бил од големо значење сè до 1997 година кога бил прогласен за главен град под името Астана. Лежи на реката Ишим во пространа област на степи. Локацијата на градот е во јужен Сибир и со оглед на климата тој се наоѓа на второ место на најстудените престолнини во светот, веднаш после монголскиот Улан Батор. Просечните зимски температури се -15OC, а не ретко се спуштаат и до -40OC. Лете надминуваат и преку +35OC. Астана може да се опише како далечна населба каква замјаните никогаш не виделе. Град на 21 век подигнат без никаква стилска врска со зградите што тука постоеле и претходно, и без никаков однос спрема околниот терен. За планирање на градот, чија изградба сè уште трае, е задолжен јапонскиот архитект Кишо Курокава. Kazakhstan 12

Проектирањето на одделни објекти е доверено на големи имиња, како што се Норман Фостер или Манфреди Николети. Градот доживува брз економски развој, изградба и доселување на нови жители.
Јужно од престолнината, на 1.200 км, во сосема поразличен амбиент е градот Алмати, основан во 1854 година. После губењето на статусот главен град, ја задржал позицијата на центар на бизнисот и главните економски текови. Речиси сите позначајни домашни и странски компании имаат свои централи во овој град. Стариот дел на градот е персонификација на советски град од 30-тите години на минатиот век, со улици преполни со дрвореди, рационално проектиран како сплет на улици кои се сечат под прав агол.

KTR-WG-wins-Kashagan-field-contract-Kazakhstan

Во рамките на планинскиот венец Тјен Шан со највисокиот врв Хан Тенгири (7.100 м), со површина од 324,8 km2, Алмати се простира на надморска височина со неверојатен распон од 500 до 1.700 метри над морето. Новоизградените квартови на градот со својата архитектура во потполност ги отсликуваат современите проектантски трендови во хармонија со бетон, челик и стакло.

Sunset_at_Kucherla_lake
Алмати, исто така, бил и останал културно средиште на државата. Во градот постојат 14 театри, седум концертни сали, 32 музеја, 20 уметнички галерии, 39 библиотеки, два дома на детското творештво, 18 кина, постојана поставка на циркус, две филхармонии, 11 бендови, 13 ансамбли, 115 споменици на историјата, архитектурата и монументалната уметност, 920 спортски објекти и многу ресторани и ноќни клубови. Kazakhstan_Altay_3

И порано, а особено после VII Зимски азизски игри одржани во 2011 година, непосредно над градот се наоѓа комплетна понуда за користење зимски спортови во туристичките ски центри Медеу и Чимбулак. Во трката за организација на XXIV Зимски олимписки игри 2022 година, Алмати и Пекинг се кандидати помеѓу кои во јуни 2015 година ќе се одлучува кој ќе биде домаќин.

mongolia-altai-peaks-lake-khoton-picnic-lunch-break-russian-car-river-ulgi-kazakh-thegeneralist
Освен овие центри, поголеми градови во Казахстан се: Шимкент, Караганди, Актобе, Тараз, Павлодар, Оскемен, Семеј. Во Кизилордиската област, една од десетте области со кои Казахстан е административно поделен, се наоѓа познатиот космодром Бајконур од кој е изведен првиот човечки лет во вселената.
Казахстан, земја со единствена изворна култура на номадските народи, обилува и со богати разнолики пејзажи на недопрена природа: од непрегледни степи до длабоки кањони и планински езера. Има 10 национални паркови, од кои секој за себе поседува посебна и својстена убавина и вредност. Доколку имате намера да ја посетите оваа голема земја во Централна Азија, ќе имате можност да запознаете многу срдечни и гостољубиви луѓе.

Слободан Миниќ, дипл.град.инж.

Испрати коментар

Scroll To Top