Советот на општина Кавадарци донесе одлука за прифаќање на проектот „Обезбедување поддршка во подобрувањето на енергетска ефикасност во колективното домување“.
– Проектот е финансиран од Американската агенција за обнова и развој УСАИД и Здружението за хумано домување Хабитат – Македонија. Тој опфаќа поставување на термоизолациони фасади и кровни конструкции на станбените згради за колективно домување на територијата на општина Кавадарци, во насока на подобрување на енергетската ефикасност и заштеда на енергија, – вели кавадаречкиот градоначалник Александар Панов.
Хабитат – Македонија ќе ги покрие трошоците за потребните мерења, изработка на проект документација и надзор, а ќе склучи договори за заем со станарите со 1 процент каматна стапка и 10 години рок на исплата на средствата.