Насловна / Архитектура / Каква Универзална сала ќе му се врати на градот?

Каква Универзална сала ќе му се врати на градот?

Од Град Скопје соопштуваат дека градоначалникот Шилегов и министерот за култура Роберт Алаѓозовски вчера потпишале Писмо за намери преку кое се дефинираат активностите за унапредување на културата на подрачјето на Град Скопје преку заедничко финансирање на изградбата на Универзална сала.
Градоначалникот Шилегов најави „Универзалната сала се враќа на градот. За таа цел потпишавме Писмо за намери со Министерството за култура преку кое се дефинираат активностите за унапредување на културата на подрачјето на Град Скопје преку заедничко финансирање на изградбата на Универзална сала. Во неа ќе се организираат културни и спортски настани, а граѓаните на Скопје и воопшто на Република Македонија ќе имаат можност да ги остваруваат своите општествени и културни права и вредности. Предвидено е изградбата на салата да почне во 2019 година “.

ссс
Шилегов потпишувајќи го писмото со Алаѓозовски во старата сала, потсети дека салата веќе две години е затворена за посетители.
„Причините ги гледате зад мене. Реконструкцијата на Универзална сала, како симбол на солидарноста, во изминатите години беше само предмет на манипулација од претходната власт. Предизборно беа изработувани и презентирани во јавноста многу проекти, од кои беше реализирано само преименувањето на овој објект. Предизборните ветувања се провлекуваат уште од 2009 година. Но, ниту претходната локална власт, ниту претходната централна власт не направија напори да изградат нова сала. Години наназад никој не инвестираше во овој објект. Години наназад Универзална пропаѓа. Јас им ветив на златните славејчиња дека за јубилејниот 50-ти роденден ќе пеат во нова Универзална сала. Им ветив на моите сограѓани дека овој симбол на солидарноста ќе го добие својот познат сјај кој го имаше во минатото. Детските фестивали повторно ќе се вратат во Универзална“ – нагласи Шилегов.

После 3Д рендерот за Универзална сала како „јајце“ кој победи на конкурс чиј претседател на жири беше архитект Вангел Божиновски, остана нетранспаретн квалитетот и сумата на Основениот проект и неговата финална верзија, цената на чинење на објектот и неговата одржливост. Во меѓувреме компанијата ГИМ изработуваше Основен проект на решението кое предходеше на „јајцето“. Останува да почекаме да видиме која верзија на архитектонско решение ќе се преточи во проект за изведба со сите неопходни нормативи и стандарди за проектирање, урбанистичко и сообраќајно решение, технологија неопходна за ваков тип на објекти и акустика за салата.

Испрати коментар

Scroll To Top