Катната гаража што се гради на улицата „Даме Груев“ спроти полициската станица „Беко“, ќе го носи името „Тодор Александров“. Ваква предлог-одлука донесе Градот Скопје, која ќе биде ставена на дневен ред на седницата на градскиот Совет следниот понеделник. Од Градот Скопје образложуваат дека за ова име се одлучиле бидејќи Александров е личност кој со својот револуционерен карактер придонел кон зачувување на Македонската револуционерна организација.
– Името на објектот Катна гаража се предлага поаѓајќи од фактот што Тодор Александров претставува личност која активно учествувала и придонела во Македонската револуционерна борба и со својот револуционерен карактер придонел кон зачувување на Македонската револуционерна организација. Со именувањето на објектот Катна гаража, Градот Скопје ја изразува својата почит во одбележувањето на личноста на Тодор Александров и неговата улога во Македонската револуционерна организација и го симболизира континуитетот на македонската борба за независност, стои во образложението од Градот Скопје.
Катната гаража ја гради градежната компанија „Бетон“ АД Скопје.
Катната гаража е во висина од 23 метри и да се состои од две подземни и седум надземни нивоа. Капацитетот за паркирање во нејзини рамки ќе изнесува 605 автомобили и 105 велосипеди. Покрај објектот, треба да се изведе и пристапна сообраќајница до планираниот простор за паркирање.
neka ja krstea Andjelina Djoli,pa site ke sakaa da se parkiraat vo nea.