Моите мегаструктури претставуваат ансамбли на облакодери поврзани со заеднички дворови кои се простираат на различни височини. Тие дворови претставуваат места за одмор и рекреација. Всушност, тоа се места за социјализација, за запознавање и зближување на луѓето. Луѓето во мегаструктурите сигурно не би се чувствувале ниту осамени ниту отуѓени еден од друг иако тие се огромни објекти. Како илустрација ќе ја спомнам административната мегаструктура "Порта кон светот", која се состои од два дијагонално засечени паралелопипеди разделени со три кружни платформи дворови со зеленило цвеќе и вода, каде вработените можат да излезат и да се прошетаат за време на својата пауза на работа.
повеќе »