31/05/2013
3413 Прегледи
Улицата "Ломбард" во Сан Франциско е најпознатата крива улица во светот.
Некои од најскапите имоти во Сан Франциско се наоѓаат токму на оваа
адреса. Во пролет и лето кога ќе расцветаат сите цвеќиња покрај улицата,
таа претставува вистински рај за очи. За уникатниот пејзаж од колоритна
разиграност придонесуваат големиот број расцветани хидрангеи од двете
страни на улицата.
повеќе »
17/05/2013
4350 Прегледи
Градините на Хаифа претставуваат многу важно место во животот на секој
жител од овој град. Подигнати се во геометриски стил, а претставуваат
каскадно поставени зелени површини, кои се спуштаат по падината на
Кармел, од каде има прекрасна панорама кон градот и Средоземото Море.
Ова совршенство е дело на архитектот Фарибурз Сахба. Овие градини се
едно од најпосетените места во Израел.
повеќе »
05/04/2013
34503 Прегледи
Со доаѓањето на пролетта и покачувањето на температурите постепено ќе
почнат да се појавуваат и саксиите со цвеќе по балконите. Цвеќињата, кои
народот кај нас ги одгледува на балконите, најчесто се традиционални.
Најчесто се одлучуваме за сезонски цвеќиња како пеларгониумот,
вербената, петуниите, водениката и слично.
повеќе »
22/03/2013
12539 Прегледи
Бучавата е еден од главните фактори за намалениот квалитет на живеење,
особено во урбаните средини, каде константно е присутна. За да се
постигне намалување на бучавата, најчесто се користат бариери од
најразлични материјали, не земајќи ја предвид едноличноста и
монотонијата што може да ја предизвикаат. Единствена предност како
решение за заштита од бучава е тоа што зафаќаат помала површина, но не
може да се каже дека имаат поголем ефект од растителните паравани,
бидејќи во целост ја одбиваат бучавата, но не ја апсорбираат.
повеќе »
22/02/2013
8305 Прегледи
Во озеленувањето во Македонија во голема мера покрај домашните
(автохтони) се употребуваат и видови донесени од друг природен ареал
(алохтони видови), приспособени за вегетирање во условите на нашето
поднебје. Овие видови се нарекуваат егзоти. Кога станува збор за
егзотични видови, прво што паѓа на памет кај нашата популација се
палмите (Arecaceae или Palmae) и други тропски видови, меѓутоа покрај
нив постојат и други лисно и цветно декоративни видови кои вреди да се
споменат.
повеќе »
08/02/2013
5209 Прегледи
Со зголемување на вредноста на земјиштето во централните градски
подрачја, луѓето сè почесто се одлучуваат за купување на помали парцели,
со што си го скратуваат задоволството за простран двор. Во помалите
дворни површини тешко е да се изврши рамномерно зонирање на териториите,
па затоа најчесто се оди на варијанта со помал јавен дел пред самата
куќа на сметка на приватниот дел кој најчесто се подига зад куќата или
странично.
повеќе »
25/01/2013
2659 Прегледи
Основната цел на зелените површини, кои се составен дел од
сообраќајниците, е да создадат поволни санитарно-хигиенски и
микроклиматски услови, како и зголемување на естетскиот квалитет на
градското живеење. Со правилно решавање на зелените површини долж
сообраќајнците во градовите се збогатува просторната организација, и се
надополнуваат сите околни објекти за целосно визуелно доживување на
пејзажот.
повеќе »
28/12/2012
2846 Прегледи
Во зимскиот период, дури и кога ќе падне снег во градината, може да се
создаде идилична композиција на снегот со растенијата. За доловување на
еден таков пејзаж постојат најразлични растителни видови, кои со своите
темнозелени или пурпурни листови и силно црвени, жолти и виолетови
плодови, создаваат силен контраст на бесконечната белина која ја создава
снегот.
повеќе »
31/05/2012
5687 Прегледи
На Белите планини во Калифорнија, на околу 3.000 метри надморска
височина, расте исклучително издржлив вид на бодлив бор, иглолисно дрво
кое е познато под латинското име Pinus aristata ( фам. Pinaceae).
Подоцна е востановено дека тоа е најстарото растение во светот.
Вообичаено, овој вид достигнува до десет метри височина, но има и
постари единки кои достигнуваат димензии поголеми и од гигантските
секвои.
повеќе »