Најпрво би започнал со поздрав и пофалби за иницијативата за градење и обликување на главниот град на нашата држава Скопје, како центар во кој се стационирани главните збиднувања, како главен град кој е амбасадор на нашата култура и еволуција . Неодамна во јавноста како непријатно изненадување проструи визуелизацијата за новиот редизајн на Скопје, кој како контекст на иницијативата за обновување е тотално ПОГРЕШЕН ОДГОВОР.
повеќе »Категорија: Форум
Feed SubscriptionБуре Барок
Дијана Мицковиќ, дипл.инж. арх
Како млад македонски архитект, создавам и поддржувам современа архитектура која е резултат на анализи, идеи и пропорции. Притоа создавам македонска архитектура во која човекот е мерка на сè. Создавам архитектура која може да ја прими и да ја негува локалната реалност, создавам и поддржувам архитектура која е решение на потребите и архитектура која со себе знае да понесе понекоја мудрост од архитектурата во минатото, но и да покаже визија за архитектурата во иднина.
повеќе »Правиме спектакли за да побегнеме од вистинските проблеми!
Ангел СИТНОВСКИ, дипл.инж.арх.
„ Во денешно време, кое што предимство му дава на знакот над она што е означено, на копијата над оригиналот, представата над стварноста, појавноста над суштината...вистинското се смета за профано, а само илузијата е света. Поточно, светото се зголемува во мера во која вистинското се повлекува, а илузијата се зголемува, така да на најголемиот степен на илузија му одговара најголемиот степен на светост.”
повеќе »СКОПЈЕ 2014
Не се плашам од оној што не знае, се плашам од оној што нема свест дека не знае.
Прво, не знаев дали овој текст да го почнам како коментар на еден граѓанин на Скопје, или како професионалец кој низа години работи на проблематиката на урбанизмот, па сепак бидејќи овој текст е наменет за магазин кој ја обработува темата на архитектурата и урбанизмот се решив да настапам како професионалец.
повеќе »Визуелизацијата ги интегрира поединците во системот
Д-р Косто Мангароски, професор на Архитектонскиот факултет
Создавањето на компјутерски генериран модел на централното подрачје ќе создаде реална визуелна слика на градот Скопје.
повеќе »Замислете си Скопје на иднината
Снежана Домазетовска, студент на Архитектонскиот факултет
Во понуденово Скопје 2014 нема натпревар на идеи, има сервирана идеја, дури и идеја која не ги решава проблемите, само ги обложува во декорации.
Замислете град кој почнува да дише, кој расне логично сам од себе во здрав организам, кој се осолободува од токсините...
Подигнувањето објекти на кејот ќе биде генерациска грешка
Олга Папеш, архитект
Архитектот Богдан Богдановиќ во својата книга “Мал урбанизам” вели: “Најдоброто нешто што еден град може да го има е шеталиште покрај вода. Градовите без вода, дури и кога се најубави, секогаш имаат нешто што ги прави како да се по малку несреќно родени.
повеќе »ПОВТОРНО “ЗЕМЈОТРЕС” ВО 2014!
Предолго чекавме иницијатива за изградба на Плоштадот Македонија. Веројатно оправдување за тоа не постои. Но проектот “Скопје 2014 како повторно да предизвика “земјотрес” во главниот град, а и последиците од него нема да бидат ништо помали од оној катастрофалниот 63-та.
повеќе »Воведување на канони е тоталитарен концепт
Проф.Мишко Ралев, архитект
Таканаречениот концепт Скопје 2014 е се само не архитектонско-урбанистичка визија на центарот на нашиот главен град. Несериозно е да се гради врз основа на псеудо архитектонски решенија кои претендираат да разрешат прашања кои никој не ги поставува...
повеќе »