Насловна / Форум (page 5)

Категорија: Форум

Feed Subscription

ДИСКУСИЈА ЗА “СКОПЈЕ 2014” – ПОРТА 3

http://www.porta3.com.mk/http://92.55.64.34/images/stories/forum/001.jpgАрхитектонскиот еснаф испадна повторно “спанко” кога се во прашање проекти од типот “Скопје 2014”. Предлогот нè потсети дека се изгубивме во дебатирања, кои досега не донесоа егзатни предлози, поставени стандарди, конкретни решенија, кои точно ќе ги презентираат нашите колективно недвосмислени стручни поставки за просторот.

повеќе »

“Скопје 2014” – римејк на филмот “Франкенштајн”

Визуелизацијата на проектот “Скопје 2014” на дел од Малиот ринг прикажува еден архитектонско - урбанистички “Франкенштајн”.
Се прашувам зошто има толку сличности на проектот “Скопје 2014” што ме потсетуваат на филмот “Франкенштајн”.

повеќе »

Кус post festum есеј за Метрополата

http://www.porta3.com.mk/http://92.55.64.34/images/stories/forum/blagoja-kolev-vo-boja.jpgПрофесионалниот приод кон проектот ,,Скопје 2014,, неизбежно наидува на апсурд. Kако може да се говори за ,,проект,, кој е претставен пред јавноста преку елекронските медиуми како визуелно-аудитивна симулација? Едновремено, како може да се говори за ,,визуелна симулација,, односно фантазматична претстава, кога пред очите на јавноста , па и пред очите на професионалната јавност, веќе се изѕидани фасади на голем дел од дигиталната слика ?!Дали оваа ,,реалност,, е магионичарски трик,,,хипноточко,,доживување,мистично чудо?,,Што е всушност?!

повеќе »

Претставата што ни е понудена не ја сака вистината

http://www.porta3.com.mk/http://92.55.64.34/images/stories/forum/jasmina-siljanovska.jpgПроф. д-р Јасмина Сиљаноска

 

Деновиве се изнаслушавме и изнагледавме мноштво на оркестрирани атонални настапи по медиумите што упорно се обидуваат да ни го објаснат редефинираното значење на поимот идентитет и градска слика.

 

 

повеќе »

Злостор перфидно сокриен зад гламурозноста на историските некрополи

Каде е мерката на архитектурата во времево и просторов? Или, во општеството на бесконечните спектакли естетскиот шарм ќе биде насекаде, каде-било-кога-било

 

проф. д-р Тихомир Стојков, архитект

 

Без некоја особена емоција или волја на почетокот на оваа, досега невидена расправија за просторот во кој битисуваме, во обид барем ладнокрвно да се преживее сето тоа, сепак на крајот се зафатив со овие редови поттикнат за момент од сеќавањето на еден текст што го напишав во 1999 година под наслов “Глобализацијата и културата на неместо”.

повеќе »

Енергетски неефикасни градби?

http://www.porta3.com.mk/http://92.55.64.34/images/stories/forum/petar-nikolovski.jpgПетар Николовски

 

Мојата професионална ориентација е во делот на градежната физика, така што нема да навлегувам во естетиката. Меѓутоа, се подготвува законска регулатива со која мораме да ги следиме европските директиви, кои се поддршка на протоколот од Кјото за намалување на влијанието од емисиите на штетни гасови. Според тие директиви при секоја реконструкција на стари згради мора да се води сметка за енергетската ефикасност .

повеќе »

“СКОПЈЕ 2014” АРХИТЕКТОНСКО – УРБАНИСТИЧКИ КОМПЛЕКС СО НАЈВИСОКИ ЕСТЕТСКИ ВРЕДНОСТИ

http://www.porta3.com.mk/http://92.55.64.34/images/stories/forum/vasil-iljov.jpgПочнувајќи од 1965 година се распишани повеќе меѓународни, републички и локални архитектонско - урбанистички конкурси за уредување на централното градско подрачје на Скопје и за дефинирање и обликување на централниот градски плоштад. Многу експерти од различни области на проектирањето вложиле  исклучителна позитивна енергија и достојно за почит поединечно и колективно професионално знаење, продолжувајќи го со своето творештво континуитетот на Македонската Цивилизација.

повеќе »

Да направиме критичка маса на градители

http://www.porta3.com.mk/http://92.55.64.34/images/stories/forum/milka-kirovska.jpg1. Дали кој било религиозен објект се изградил досега на подлога од подземна канализација, иако истата ќе се дислоцира  технички?
 Во тој контекс да се прашаат нашите верски водачи, а и стручната структура од доменот на археологијата.
 Во контекс на поставување цркава таму каде што е вцртана маркичката да се дообјасни како евентуалните верски  ритуали за кои е потребен пристап со моторно возило би се реализирал?

повеќе »

Се надевам дека еден ден ќе го видам и плоштадот на зрелоста Плоштадот Македонија.

http://www.porta3.com.mk/http://92.55.64.34/images/stories/forum/mila_iskrenovik1.jpgСтоeв на Плоштад Македонија и чувствував како од левата страна на реката Вардар преку Kамениот мост во бранови ме заплискува енергија на радост. Подзамижав  да видам.Од левата страна на црквата Св. Димитрија по раскошните скали од матичната зграда се спушташе млада  брачна двојка. Сите ги гледаа и им се восхитуваа. Беа вљубени и среќни. Но, сега требаше да го минат лавиринтот што беше направен од зеленило од градските власти како симбол на животот. Имаше еден влез и eден излез.

повеќе »
Scroll To Top