Насловна / Форум (page 3)

Категорија: Форум

Feed Subscription

„Скопје 2014“ како филозофија, естетика, комуникација…

petrova-ines.jpgИнес ПЕТРОВА, дипл.инж.арх.

Кои се придобивките?

....Нови функции со кои се заокружува амбиентот на плоштадот и центарот на градот....Функции кои недостасуваа во културниот живот на граѓаните на Скопје и Републиката...Функции кои ќе го трасираат културниот пат на идните

повеќе »

Скопје треба да учи од Кавадарци

ilija-plackov.jpgИлија ПЛАЧКОВ, дипл.инж.арх.


Во глобала сум поборник за реконструкција на сите јавни површини на кои долго време се немаат преземено никакви урбанистички зафати, каков што е и „Малиот ринг“. На плоштадот му е неопходна урбанистичка реконструкција, бидејќи тој не соодветствува со сегашноста. Но, има неколку работи кои сигурно бараат поподробна анализа и отвораат низа прашања. Површината на „Малиот ринг“ е премалa за во неа нормално да функционираат толкав број нови јавни објекти. Кога ним ќе им се приклучат и постоечките изградени објекти кои се дел од плоштадот, ќе се добие една урбана архитектонска маса преполна со изградени површини, кои со своите кубуси просторот ќе го направат архитектонски преоптоварен. Јас на презентацијата на „Скопје-2014“ видов само неколку случајни минувачи кои се движат по плоштадот. Обидете се да го замислите плоштадот со илјадници луѓе на него!

повеќе »

Без „Танге 1963“ немаше да го има „Скопје 2014“

antonio-petrov-1.jpgАнтонио ПЕТРОВ, предавач на универзитетот Хардвард

Сметам дека ниту објектите изведени по земјотресот 1963 година, ниту проектот „Скопје 2014“ што се реализира во 2010 година, не се сместени ниту во времето, ниту во контекстот. Изградбата на Скопје 1963 година била авангарда за тоа време, а проектот на Кензо Танге го подигна нивото на животниот простор на жителите на Скопје. „Скопје 2014“ од своја страна го вкопува градот под земја, со него се враќате назад. Целта на овој проект веројатно била да оформи некакви темели. Тие темели се градат на основата на некои остатоци, кои се базирани на оригинал кој реално не постоел.

повеќе »

Еутаназија на јавниот простор

dsc04379a.jpgАлександар ПЕТРОВСКИ, дипл.инж.арх.

Прекрасна идеја е да се дооформи центарот на Скопје со новоизградени објекти и неизградени урбани простори. Идејата и одважноста да се осмисли овој заборавен простор и да се постават врски помеѓу градителските и природните карактеристики присутни во централното јадро, (Вардар, Кејот, Камениот мост, Калето, плоштадот и околните објекти) ја заслужува безрезервната поддршка на граѓаните и стручната јавност на Скопје и Републиката.

повеќе »

Скопје 2014”, слика на пореметените вредности во општеството

natasa.jpgНастасја Стефановска, магистрант на Aрхитектонскиот факулет во Софија


Како никогаш досега, обичните луѓе почнаа да забележуваат што е грдо, а што убаво во архитектурата, да го сфаќаат нејзиното значење и нејзиниот придонес кон убавината на животот. Проектот Скопје 2014 ја смести архитектурата од маргините на општествените случувања во фокусот на интересирање. Добро е.

повеќе »

Барок на XXI век

gjoko.jpgЗборот барок е изведен од португалскиот термин со кој се означува бисер со неправилен облик (првобитно е употребуван во погрдна смисла). Долго е користен за да ја опише шареноликата палета на особености, почнувајќи од оние драматично нагласените, преку бизарните, па до една од карактеристиките на барокот - пренагласена украсеност.

повеќе »

Проектот „Скопје 2014“ – грешка која ги дискредитира архитектурата и урбанизмот

gago.jpg

Драган Крстевски, Студент на Архитектонски Факултет – Скопје

Архитектурата е најекспонираната уметност, од проста причина што не можеме да ја избегнеме или да се изолираме од неа. Таа е уметност која реално им служи на луѓето. Секоја грешка во архитектурата ја гледаат сите, а секоја грешка на лекарите ја покрива земјата.

повеќе »

Младите архитекти се прескокнуваат кога се донесуваат одлуки

ana.jpg

Ана БОРАНИЕВА, дипл.инж.арх.

Проектот за обичниот граѓанин изгледа луксузно и раскошно. Всушност, тоа е и целта на визуелизацијата. Но, ние архитектите мораме да погледнеме подлабоко во сликата. Прво, никој не ја гледа инфраструктурата. Кога ќе се симнете на тлото не се гледа можност за мобилност. Второ, сé е сведено на некој минимум без да се земе предвид понатамошниот раст на градот. Трето, тука не се работи за реставрација, ниту за имитација, ниту за барок, ниту за неокласицизам. Се прави еден чуден хибрид.

повеќе »

Како да живееме во меур од сапуница

risto.jpg

Ристо АВРАМОВСКИ, дипл.инж.арх.

 

Кога го видов првпат видеото бев фасциниран. Визуелно изгледаше добро. А, како и не би било, кога го имаат направено луѓе кои работат за Холивуд?! Но, добра е само визуелизацијата. Останатото ме вчудоневиде.


Јас сум против проектот од повеќе аспекти. Нелогично е да се гради во услови на светска криза кога сите светски компании ги стопираат своите проекти или го намалуваат обемот на работа. Уште повеќе да се форсираат грандиозни објекти. Како да живееме во меур од сапуница, па не ги следиме случувањата надвор.
Проектот нема врска со потребите на градот. При изградбата на објект првенствено треба да се мисли на неговата функција и на негово одржување.

 

повеќе »
Scroll To Top