Насловна / Форум

Категорија: Форум

Feed Subscription

Кич, „Буре Барок“ или комплекс со највисоки естетски вредности?

bure_barok_thumb.jpgИДЕЈА-РЕАЛИЗАЦИЈА Мнозинството автори на текстовите сметаа дека иницијативата на македонската Владата за изградба на капитални објекти во центарот на градот е за поздравување, но според нив, нејзината реализација е кампањска, недоволно подготвена, непрофесионална, чудна, необмислена и нетранспарентна.

повеќе »

Зошто градот треба да изгледа како сеќавање на само една генерација?

natasa_georgievska.jpg

Во 2014 год. според “докажаните авторитети” на архитектурата во Македонија, Скопје ќе ја добие толку посакуваната харизма која очигледно му “недостасува”. Критикувањето на проектот Скопје 2014 постана голем тренд. Колку и да е тоа ирелевантно, постојано се зборува, а од друга страна и нормално е да се зборува кога тоа се случува тука и сега. 

повеќе »

Пластична операција Скопје 2014

plasticna_operacija_skopje_2014.jpg

По катастрофалниот земјотрес во 1963, Скопје станува синоним за солидарност, пример за взаемна поддршка - отворено да прими помош, совети и идеи, кои се клучни елементи во неговото тогашно обликување. Распишан е домашен, но и интернационален конкурс за новиот лик на главниот град, на кој победува јапонскиот архитект Кензо Танге со солидни стручни аргументи. 

повеќе »

АРХИТЕКТУРАТА Е ФОРМА КОЈА ТРЕБА ДА Е УБАВА

forum138.jpgКако започна се? Најпрвин се појави компјутерски оживеано филмче со име „Скопје 2014”. Беше под заштита на државата, која е ЗА. Веднаш го зеде „под свое” опозицијата, која е ПРОТИВ. Под итно го прифати јавноста, која е ЗА - ПРОТИВ. Преку ноќ стана најдискутираниот филм во Независна Република Македонија и во македонската кинематографија, воопшто. Во сиот хаос и врева, некаде на маргините, а некои велат - од подземјето, се појавија и зборовите архитектура и архитекти. Некои се појавија дури и лично, ама после. А хаосот трае ли, трае...

повеќе »

Им симнувам капа на политичарите за желбата да се уреди просторот

ibis_gasi.jpgВо циркусот што настана со Скопје 2014, најголем ќар извлекоа политичарите. На крајот на краиштата тие имаа добра намера. Конечно нешто да се направи во сивиот, здодевен и запуштен центар на градот во кој ништо не се случуваше со децении. Успеаа да ги помрднат работите од мртва точка. Затоа им симнувам капа. Проектот Скопје 2014 претставува обид да се организира и да се уреди просторот.

повеќе »

Мали архитекти, големи споменици на суетата

biljana_samargieva.jpgЗаспани во еден ентрописки свет во кој повеќето луѓе живеат затворени не примајќи нови информации и не испраќајќи пораки надвор од својот имагинарен круг во кој ништо не се случува, архитектите во Македонија со години наназад сонуваат да создадат урбан енвајронмент што ќе биде адекватна рамка за еден современ и модерен живот кон каков се стремат граѓаните во оваа земја.

повеќе »

Стоиме во место и ја чекаме 2014 која ќе не врати во историјата

kaljopi.jpgПрашањето низ кое е проткаено минатото и сегашноста на македонската архитектура и уметност како вонвременска димензија, се рефлектира врз сложената динамика на денешнината, вкучувајќи ја 2014, годината која ќе ги разруши сите архитектонски стилови. Македонската архитектура се состои од елементи кои се разликуваат меѓу себе и имаат карактеристики според кои се утврдува нивната врска и континуитет во развојот на архитектонските објекти.

повеќе »

Јавниот простор – најосновниот елемент при создавање на градот

javen_prostor.jpgОсновна карактеристика на градот е концентрацијата. Концентрација на луѓе, концентрација на суровини, производи, материја, концентрација на идеи, информации, со еден збор концентрација на различности со цел човекот поефикасно да ги задоволи своите потреби, а истовремено да креира град каде основна карактеристика е заедништвото преку кое тој се издигнува на духовно, социолошко и духовно поле.

повеќе »

Скопје 2014

ivan.jpgОва е лоша архитектура!“ Што би значело тоа денеска, а притоа да можеме конкретно да зборуваме за некоја локација во центарот на Скопјe? Дали мислиме на проектантскиот концепт, на конструктивното решение, на термо- динамиката на објектот, бојата на фасадата или пак на урбанистичката целина? Кои се критериумите преку кои ние денеска спориме зошто нешто е лошо или пак зошто нешто е добро?

повеќе »
Scroll To Top