Бон - Претставници на 185 држави учествуваат на Конференцијата на Обединетите нации за климатските промени, која почна денеска во германскиот град Бон, а која ќе трае до 11 јуни.
Ова е најголемата меѓународна средба за климатски промени по Конференцијата во Копенхаген, која се одржа во декември 2009 година и на која делегатите не успеаја да постигнат спогодба за преземање силни мерки за борба против климатските промени.